Şerife Çetin
15 Септември 2017•Ажурирај: 16 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - НАТО го осуди денешното тестирање на балистички проектил од страна на Северна Кореја, во раните утрински часови, и упати апел за „глобален одговор“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со ракетното тестирање, Северна Кореја повторно ја прекрши резолуцијата на Обединетите нации (ОН)“, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во една објава на „Твитер“.
Столтенберг нагласи дека ракетното тестирање на властите од Пјонгјанг претставува голема закана за меѓународниот мир и безбедност. „Потребно е да се даде глобален одговор“, рече тој.
Според новинската агенција „Yonhap“ (Јонхап), Генералштабот на армијата на Северна Кореја соопшти дека „во 06.57 часот по локално време, од територијата на Северна Кореја, од околината на Пјонгјанг е лансиран нов балистички проектил, кој помина над територијата на Јапонија и падна во Тихиот Океан“.
Северна Кореја на 29. август лансираше балистички проектил од среден дострел, од типот „Hwasong-12“. Овој проектил помина над Јапнија и падна во Тихиот Океан.
Пјонгјанг на 3. септември го лансираше најмоќниот проектил од 2006 година досега, и со тоа го изврши шестото нуклеарно тестирање.
По ова тестирање, резолуцијата предложена од страна на САД, која вклучува воведување на нови економски санкции против администрацијата на Северна Кореја, беше прифатена во Советот за безбедност на ОН.