İnci Gündağ
15 Септември 2017•Ажурирај: 15 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - Предизвикувач на експлозијата што се случи во лондонската метро станица „Парсонс грин“ е рачно изработена експлозивна направа, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-началникот на Националната единица за борба против тероризмот, Марк Роули, даде изјава за медиумите пред зградата на британската полиција Скотланд Јард, во врска со експлозијата што се случи изутринава.
Роули соопшти дека според првичните сознанија, во метрото екслодирала рачно изработена експлозивна направа.
Тој информираше дека во експлозијата загинале 18 лица, а голем број ранети се лекуваат од изгореници.
Роули истакна дека истрагата се води брзо, а во неа учествуваат стотици детективи, и пренесе дека се прегледуваат снимките од камерите во метро станицата, а полициската истрага е поддржана и од страна на британската внатрешна разузнавачка служба, Ми5.
Исто така, Роули ги предупреди лондонци да останат смирени, но и да бидат внимателни, и побара од тие што имаат информации за случајот, биле очевидци или имаат видеоматеријали, да стапат во контакт со надлежните.
Според соопштеното, не се животно загрозени 18-темина повредени во утринската експлозија во метрото, која се случи во 8.20 часот по локално време, и е дефинирана како „терористички инцидент“.
Лондонската полиција претходно соопшти дека случајот се смета за „терористички инцидент“, и оти е започната истрага за терористичкиот напад.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се забележува запалена пластична корпа во вагонот, но не е видлива сериозна штета. Некои очевидци велат дека дел од патниците во возот имале изгореници на лицето. Исто така, други очевидци истакнаа дека патниците во паника сакале да излезат од станицата, при што се повредиле.
Еден очевидец во изјава за АА рече дека по експлозијата се раширила миризба на пластика, а патниците со врескање, во паника се обидувале да излезат од возот.
Се очекува британската премиерка Тереза Меј во пладневните часови да одржи итен состанок на кабинетот во врска со овој случај.
Според соопштеното, поради нападот се запрени некои метро-линии.
Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп во една објава на „Твитер“ напиша дека се случил уште еден напад од страна на терорист-губитник.
„Овие се болни и луди луѓе кои му биле познати на Скотланд Јард. Треба да се има поактивен пристап. Забраната за патување во САД треба да биде многу поголема, построга и поконкретна – но глупаво, тоа нема да биде политички коректно“, вели Трамп, кој привлече внимание со острите објави на „Твитер“.
На 7 јули 2005, во Лондон, четири бомбаши-самоубијци извршија напад на 3 метро-станици и еден автобус. Педесет и две лица го загубија животот во овие напади, а над 700 беа повредени.
Дневно, околу пет милиони лица го користат метрото во Лондон.