Ali Makram Ghareeb
06 Декември 2020•Ажурирај: 07 Декември 2020
КИРКУК (АА) - Во ирачкиот град Киркук спроведена е воздушна операција против елементите на ДЕАШ, во која се неутрализирани 6 терористи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мрежата за безбедност на медиумите, која е дел од ирачката Влада, објави писмено соопштение во кое наведува дека коалициските сили предводени од САД спровеле воздушна операција против ДЕАШ во руралното подрачје Серџуван, сместено во местото Дибис во подрачјето на Киркук.
Во воздушниот напад врз терористичките позиции во руралните места на Серџуван убиени се шест терористи, а уништени се и голем број засолништа што се користени како магацини за оружје.
Терористичката организација ДЕАШ во јуни 2014 година во потполност ги зазеде провинциите Мосул, Салахадин и Анбар и делумно подрачјата на Дијала и Киркук, а потоа постепено овие подрачја се преземени од „рацете“ на оваа организација.
Поранешниот премиер Хајдар ал Ибади на 9 декември 2017 година соопшти дека е извојувана победа над терористичката организација ДЕАШ.
Иако изминаа три години од отстранувањето на ДЕАШ од Ирак, продолжуваат нападите на Организацијата во руралните подрачја на споменатите провинции.