свет

ОН: Во Авганистан во првата половина на 2021 година загинаа 1.659 цивили

Мисијата на ОН за Авганистан наведува дека 3.254 цивили се повредени во првите 6 месеци од оваа година

Sayed Khodaiberdi Sadat  | 26.07.2021 - Обновена : 27.07.2021
ОН: Во Авганистан во првата половина на 2021 година загинаа 1.659 цивили

КАБУЛ (АА) - Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан (UNAMA) соопшти дека во првата половина на 2021 година во Авганистан загинале 1.659 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Мисијата на ОН се наведува дека 3.254 цивили се повредени во првите 6 месеци од оваа година.

Се наведува дека има пораст од 47 проценти на цивилните жртви во споредба со истиот период минатата година, со што е достигнато највисокото ниво на цивилни жртви од 2009 година.

Исто така, нагласено е дека најмногу жртви се регистрирани во мај и јуни, кога странските сили започнале да се повлекуваат од земјата, период во кој 783 цивили го загубиле животот, а 1.609 цивили се повредени.

Според соопштението, талибанците се обвинети за 39 проценти од нападите, ДЕАШ за 9 проценти, провладините групи за 25 проценти, другите непознати елементи за 16 проценти, а безбедносните сили за останатите.

Исто така се наведува дека смртта на цивилите била предизвикана од експлозии, конфликти, атентати и воздушни напади.

Се забележува дека жените и децата сочинуваат речиси половина од цивилните жртви.

- Насилствата во земјата продолжуваат -

Мировниот процес во Авганистан останува неизвесен. Од друга страна, насилните судири меѓу безбедносните сили и талибанците продолжуваат.

Талибанците ги освоија скоро сите области на границата со Узбекистан и Таџикистан во нападите што започнаа во последната недела од јуни.

Исто така, го опколија и Граничниот премин „Хајратан“, најважната трговска рута до Узбекистан, од два правци, додека на југозапад се концентрираа на покраината Газни.

Талибанците продолжија да напредуваат во Авганистан, ја зазедоа Исламската тврдина на границата со Иран на 8 јули и Граничниот премин „Спин Болдак“ на границата со Пакистан на 14 јули. Исто така, ги зголемија насилните напади во покраините Бадахшан, Тахар, Газни, Херат, Кандахар и Бадгис.

Според информациите што дописникот на Агенција Анадолија (АА) ги доби од локалните власти, талибанците контролираат повеќе од 150 од вкупно 407 области, вклучувајќи ги и нивните центри. Талибанците тврдат дека бројот на центри на областите што се под нивна контрола е 256.

Целосно под државна контрола се 34 центри на покраини.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.