Hamdi Yıldız
21 Април 2024•Ажурирај: 22 Април 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 190 тела се извлечени од масовна гробница во комплексот на болницата Насер по повлекувањето на израелската војска од градот Хан Јунис на југот на Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека тимовите за пребарување и спасување ги извлекле телата на 190 Палестинци на различна возраст, мажи и жени, кои биле убиени од израелските војници во текот на упадот на тој регион.
Локалните извори информираат дека израелската војска со булдожери во масовни гробници ги закопувале телата на Палестинците убиени во текот на инвазијата на Хан Јунис.
Уште најмалку 500 Палестинци се водат за исчезнати во овој град.
Израелската војска објави повлекување од Хан Јунис на 7 април, по четиримесечните копнени операции со цел враќање на Израелците заробени од палестинската група за отпор Хамас, но го напушти градот без постигнување на своите цели.
Израелските сили се повлекоа од Хан Јунис на 7 април и оттогаш палестинските тимови на цивилна заштита трагаат по посмртните останки на Палестинците убиените во текот на четиримесечната израелска инвазија.