свет

Шпанците повикаа да се запре геноцидот во Палестина на протестна прошетка во Мадрид

- Додека Израелските бомбардирања на Појасот Газа траат веќе 7 месеци, Мадрид сака да ја признае Палестина како држава до јули и ги поттикнува другите европски земји да ги следат во тоа

Alma Dekovic  | 21.04.2024 - Обновена : 22.04.2024
Шпанците повикаа да се запре геноцидот во Палестина на протестна прошетка во Мадрид Фото: Бурак Акбулут /АА

МАДРИД (АА) - Повеќе стотици луѓе на улиците во Мадрид денес организираа протестна прошетка против израелските напади на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Насобраните луѓе носеа транспаренти во знак на поддршка на Палестина и повикаа „да се запре геноцидот во Палестина“.

Додека Израелските бомбардирања на Појасот Газа траат веќе 7 месеци, Мадрид сака да ја признае Палестина како држава до јули и ги поттикнува другите европски земји да ги следат во тоа.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, признавањето на Палестина како држава го гледа како начин на постигнување дводржавно решение и како можен клуч за ставање крај на војната што започна во октомври минатата година.


- Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Во израелските напади на Газа се убиени 34.097 Палестинци, главно жени и деца, а околу 76.980 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Според податоците на Обединетите нации, израелската напади врз палестинската енклава принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.