свет

Најмалку 15 повредени во тематскиот парк Универзал Студиос во Лос Анџелес

- Противпожарните тимови на Лос Анџелес синоќа се упатиле во тематскиот парк нешто по 21 часот по локално време

Associated Press  | 21.04.2024 - Обновена : 22.04.2024
Најмалку 15 повредени во тематскиот парк Универзал Студиос во Лос Анџелес

ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Во трамвајска несреќа што синоќа се случи во тематскиот парк Универзал Студиос Холивуд во Лос Анџелес повредени се 15 лица, соопштија американските власти и компанијата, пренесува Анадолу.

Противпожарните тимови на Лос Анџелес синоќа се упатиле во тематскиот парк нешто по 21 часот по локално време, се наведува во објавите на социјалните мрежи.

Повредените што се префрлени во локалните болници се здобиле со полесни повреди.

Засега нема информации за причината на несреќата. Американските безбедносни сили започнале истрага за случајот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın