свет

Повеќемина Палестинци загинаа во најновите израелски напади врз Појасот Газа

Цел на израелското артилериско гранатирање беше источниот дел на бегалскиот камп Ал-Магази и југоисточното подрачје на Хан Јунис

Mohammad Sıo  | 22.04.2024 - Обновена : 22.04.2024
Повеќемина Палестинци загинаа во најновите израелски напади врз Појасот Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќемина Палестинци загинаа, а многумина се повредени во израелските воздушни напади врз неколку области во централниот и јужниот дел на Појасот Газа рано утрово, пренесува Анадолу.

Цел на израелското артилериско гранатирање беше источниот дел на бегалскиот камп Ал-Магази и југоисточното подрачје на Хан Јунис, објави палестинската државна новинска агенција Вафа.

Цивили загинаа и ранети се во израелски воздушен напад чија цел беше џамијата Ал Таква во бегалскиот камп Ал-Бурејџ во централниот дел на Појасот Газа.

Друг израелски воздушен напад е извршен кон влезот на бегалскиот камп Ал-Бурејџ и бегалскиот камп Ал-Нусејрат.

Неколкумина Палестинци се повредени во израелски воздушен напад во близина на гробиштата Ал-Саварха во бегалскиот камп Ал-Нусејрат и во куќа во подрачјето на Ал-Бурук во Деир ал-Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

Понатаму, израелски воени авиони извршија напади и на квартот Ал-Зејтун во јужниот дел на градот Газа и областа Ал-Маваси западно од градот Хан Јунис.

Локални извори соопштија дека доцна синоќа извршени се два израелски воздушни напада во јужните делови на градот Газа и населбата Ал-Туфах.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 лица.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш во израелските напади загинати се најмалку 34.097 Палестинци, главно жени и деца, а 76.980 се повредени.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

Меѓутоа, нападите продолжија со несмалено темпо, а испораката на помош и понатаму е недоволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.