Ekipa
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
АФРИН (АА) - Во селото Мал плоштад (Кучук Мејдан) во Африн, пронајдена е масовна гробница со телата на припадници на Слободната сириска војска (ССВ), кои пред две години настрадале во судирите со терористите на ПЈД/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
По ослободувањето на Африн од терористите, врз основа на информациите добиени од членовите на ПЈД/ПКК, во селото е пронајдена масовна гробница со 59 тела.

Утврден е идентитетот на 29 припадници на ССВ, кои потоа се закопани во Азаз, а во тек е идентификацијата на уште 30 лица.
Силите на Слободната сириска војска (ССВ), врз основа на информациите од заробените терористи на ПЈД/ПКК, дознаа дека на периферијата на селото се наоѓа гробница.

Припадниците на ССВ во април 2016 година покренаа акција за ослободување на местото Ајн Дакна, во северниот дел на Тел Рифат, кого терористите го зазедоа на почетокот на годината. Во операцијата загинаа 80 припадници на Слободната сириска војска (ССВ). Терористите, 60 тела на припадниците на ССВ ги пренеле со камиони и шлепери во Африн, а и покрај сите напори телата не се предадени на семејствата.