Sarp Özer,Muhammed Boztepe
24 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
АНКАРА (АА) - Сирискиот регион Африн е целосно под контрола, а активностите продолжуваат за да му се овозможи на населението од регионот безбедно враќање, соопштија од Генералштабот на Турската армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата Маслинова гранка што Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија ја започнаа на 20 јануари со цел воспостаување на безбедност долж сириско-турската граница и регионот, како и неутрализација на терористите од Африн, успешно продолжува.
Операцијата во Африн која започна на 20 јануари во согласност со Турското право, засновано на Меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Од Генералштабот на Турската армија соопштија дека сирискиот регион Африн е целосно под контрола, и дека активностите продолжуваат за да му се овозможи на населението од регионот безбедно враќање.
Членовите на Турската армија во моментов работат на расчистување на регионот од експлозивни направи кои ги оставија терористите, бегајќи од Африн.