Oğuzhan Demiray
24 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
АКСАРАЈ (АА) - Најмалку 4 лица загинаа, а 37 се повредени, откако автобус излета надвор од патот и се преврте, во близина на централниот турски град Аксарај, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава Аnadolu Аgency, автобус, кој сообраќал од Истанбул за Адијаман, се превртел, откако возачот изгубил контрола над возилото, во близина на градот Аксарај.
Во сообраќајната несреќа загинаа најмалку 4 лица, а повредени се 37. На местото на настанот пристигнаа екипите на Брзата помош и Спасувачките служби, додека пак повредените се пренесени во болница.
Дениз Пинар, еден од патниците кој во несреќата поминал без повреди, за АА изјави дека бил буден кога автобусот слетал од патот.
„Бев буден и забележав дека автобусот слетува од патот. Веднаш потоа се превртевме. Возачот најверојатно заспал на воланот“, рече Пинар.