Adham Kako,Eşref Musa,Levent Tok
11 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
АФРИН / ИСТАНБУЛ (АА) - Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната војска на Сирија (ФСА), во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, од терористите ослободија уште осум села во Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од новинарите на АА на терен, ТВС и ФСА, од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ги ослободија селата Хоџамали, Саван Кабир и Чанчали, кои се наоѓаат во подрачјето на Раку, северозападно од Африн, селата Телеф и Коџаман во Џиндерес, селата Солакли и Алибеј во подрачјето на Булбул и селото Кавкабах при центарот на ова подрачје.
Исто така, за време на операцијата аеродромот Баблеит кој има стратешко значење на патот Џиндерес-Африн е ослободен од терористите.
ТВС и ФСА во текот на денот ги ословодија од терористите селата Кастел, Кечик, Кара Тепе, Халидије, Кулбул и Кане Кауер.
Во овие рамки, во текот на денот се ослободени 14 точки.
ТВС, поддржани од ФСА, од почетокот на операцијата досега, од окупацијата на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободија 185 точки, од кои 5 центри на подрачја, 148 села, 32 критични стратешки точки.
Одбранбените позиции и линии на ЈПГ/ПКК се наоѓаат во центарот на областа Африн. Терористичката организација, со цел цивилите да ги користи како човечки штит, со присила, го пренасочуваат населението кон центарот на градот и не му дозволуваат на арапското и курдско население да замине од центарот во подрачјата кои се под контрола на режимот на Башар ал-Асад или подрачјата контролирани од воената опозиција.
Притворањето на цивилите предизвикува големи реакции од страна на Обединетите нации (ОН).