Ekipa
08 Февруари 2017•Ажурирај: 09 Февруари 2017
АЛ БАБ (АА) – Слободната сириска армија со поддршка на Турските вооружени сили (ТСК) ги интензивира операциите во северот на Сирија, со цел да го преземе центарот на градот Ал Баб од ДЕАШ. Додека се заземаат ридовите од терористичката ДЕАШ, во населбите западно од центарот на градот се одвиваат интензивни судири меѓу Слободната сириска армија и терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
На 169. ден од операцијата „Штитот на Еуфрат“, ТСК и Слободната сириска армија го зголемија притисокот врз терористичката организација ДЕАШ во центарот на градот Ал Баб, кој се наоѓа во областа на Алепо, а е оддалечен 30 километри од турската граница.
Според информациите на АА од Ал Баб, додека трае уништувањето на позициите на ДЕАШ, од терористичката организација се ослободени ридот Шејх Акил и некои други ридови што се под контрола на ДЕАШ, а ослободена е и болницата „Ватан“.
Силите на Слободната сириска армија преземаа акција од високите позиции кон центарот на градот, при што влегоа во судир со терористите во населбите Мантика Гарбија, Вилалар и Џебел Акил во западниот дел.
Додека траат судирите, ДЕАШ организира самоубиствени напади со автомобил-бомби.
Со напредокот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, ТСК и Слободната сириска армија го окупираа центарот на Ал Баб од север, запад и од исток.
ТСК и Слободната сириска армија напредуваат во внатрешноста на Сирија до 35,1 километри од турската граница.
Наместо веднаш да навлезат во центарот на градот, елементите на „Штитот на Еуфрат“ избраа да ја окупираат околината на Ал Баб за да го спречат отпорот на терористите. На овој начин тие имаат за цел да ги избегнат жртвите меѓу цивилното население.
- Опортунизмот на режимот и руската поддршка на југот -
Продолжува напредокот на режимот на Башар Ал Асад и неговите поддржувачи кон Ал Баб, кои го искористија притисокот што операцијата „Штитот на Еуфрат“ му го зададе на ДЕАШ.
Режимските сили, кои се позиционирани во јужниот дел на Баб, во последните 5 дена напредуваа 3 километри, со што до центарот на градот се приближија на околу 3,3 километри. Првата цел на режимските сили е гратчето Тадиф.
За време на напредокот на армијата на Асад и странските терористички групи, кои се негови приврзаници, Русија ги нападна позициите на ДЕАШ со воени авиони.
Доколку ДЕАШ сака да се повлече од окупираниот центар на Ал Баб, постои коридор во насока на Рака, преку кој ќе може да се повлече кон источните рурални предели на Алепо.