Ekipa
08 Февруари 2017•Ажурирај: 09 Февруари 2017
БУКУРЕШТ (АА) - Романската централно-левичарска Влада на премиерот Сорин Гриндеану го „преживеа“ гласањето за доверба во Парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Јоана Бран, секретар на Собранието, соопшти дека 161 пратеник го поддржаа предлогот да се изгласа недоверба на романската Влада, што не е доволно со оглед на тоа дека се потребни 232 гласа.
„Можеме да кажеме дека не е постигнато потребното мнозинство за да може гласањето да пројде во согласност со Уставот“, рече Бран.
Минатата недела, Владата ја одмина собраниската процедура и усвои итен декрет за декриминализација на одредени форми на корупција.
Критичарите веруваат дека придобивки од регулативата би можеле да имаат високите функционери кои се соочуваат со обвиненија за корупција.
По усвојувањето на декретот следуваа масовни протести, најголеми во Романија по падот на комунистичкиот режим во 1989 година.
Под притисок од граѓаните, премиерот Гриндеану попушти и ја повлече контроверзната одлука.