Selma Kasap
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара порача дека оние што со години ја обвинувале Турција дека нејзината борба против тероризмот не е доволно силна, денеска заедно со терористичките организации се обидуваат да воведат ред во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оние што со години нѐ обвинуваа дека нашата борба против терористичките организации не е доволно силна, сега се обидуваат рака под рака со терористичките организации да го уредат нашиот регион. Оние што во светот ДЕАШ го посочуваат како најголема цел против тероризмот, сега против ДЕАШ се борат заедно со терористичките организации како ПЈД или ЈПГ“, порача Ердоган.
Претседателот на Турција потврди дека турските вооружени сили (ТСК) заедно со опозициската Слободна сириска армија (ФСА) моментално се наоѓаат во сирискиот град Идлиб.