Selma Kasap
13 Октомври 2017•Ажурирај: 13 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Генералштабот на Армијата на Турција соопшти дека елементите на турските воени сили (ТСК) кои во рамките на процесот од Астана ќе служат во зоната без судири во сирискиот град Идлиб, од вчера започнаа со активностите за формирање на точките за набљудување, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во рамките на процесот во Астана, елементите на ТСК ќе служат во зоната без судири во Идлиб, со цел да обезбедат надзор на одржувањето на примирјето, доставување на хуманитарната помош, како и да се обезбедат соодветни услови за враќање на бегалците од овој регион во нивните домови. Во координација со активностите за набљудување кои започнаа на 8 октомври 2017 година, од 12 октомври 2017 година започнаа активностите за формирање на точките за набљудување“, се наведува во соопштението на Генералштабот на Армијата на Турција.
Исто така, се истакнува дека елементите на ТСК ќе ги извршуваат своите обврски во регионот врз основа на правилата за ангажирање, за кои земјите-гаранти со согласија во текот на преговорите во Астана.