Sarp Özer
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили изведоа воздушни напади во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, чија цел е да се расчисти северниот дел од Сирија од терористите. Според првичните информации, во нападите се неутрализирани 23 терористи на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Турските вооружени сили се вели дека откако биле добиени информации од страна на разузнавачката служба, во периодот од 10.05 до 11.30 часот, командата на воздухопловните сили дала наредба за воздушни напади во подрачјето околу сирискиот град Ал-Баб, во коишто цел биле позициите на ДЕАШ.
Во рамките на операцијата, турските воени авиони уништиле 12 позиции на ДЕАШ. Биле уништени 3 тенка, 2 контролни точки, 3 засолништа, 3 згради седишта на ДЕАШ и едно возило полно со експлозив. Според првичните информации, во операцијата се неутрализирани 23, а ранети се поголем број терористи на ДЕАШ.
Во меѓувреме, во утринските часови е изведен напад со возило-бомба, во кој загина еден војник, а се ранети 6 војници, од кои еден потешко.