Nour Mahd Ali Abu Aisha,Hacer Başer
11 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
ГАЗА (АА) - Најмалку 19 Палестинци загинаа во Газа, откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим (Кудс) за главен израелски град, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинското Министерство за здравство утринава соопшти дека контроверзната одлука на Трамп за Ерусалим, предизвикала бран протести и нереди во Газа, во кој животот го загубија најмалку 19 Палестинци, вклучувајќи и 3 деца.
Во соопштението се наведува дека во истиот период се повредени најмалку 1.083 Палестинци во Газа, меѓу кои 238 деца.
Од Министерството, исто така, наведуваат дека мета на нападите на израелските сили биле демонстрантите во Газа, но и најмалку 15 амбулантни екипи, кои биле ангажирани на протестите.
Американскиот претседател Трамп, на 6 декември минатата година, го призна Ерусалим (Кудс) за главен израелски град, со што предизвика масовни протести во регионот. Израелските сили користат сила за спречување на тие демонстрации.