Orhan Onur Gemici
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
АНКАРА (АА) - Со дејствување на хеликоптери од типот АТАК на Вооружените сили на Турција (ТСК), во раните утрински часови неутрализирани се девет терористи западно од сирискиот град Африн, потврди Генералштабот на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од турскиот Генералштаб, хеликоптерите од типот АТАК, летала од домашно производство, пружаат голема поддршка на копнените сили во операцијата Маслинова гранка, покрената на 20. јануари оваа година со цел неутрализација на терористичките елементи ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ во северозападна Сирија.
Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, неутрализирани се вкупно 2 295 терористи.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.