Alma Çekovic
25 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
МОСКВА (АА) - Мешавината од сахарски песок, снег и дожд прекри голем број земји во Источна Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Корисниците на социјалните мрежи во Русија, Бугарија, Украина, Романија и Молдавија објавија фотографии од снегот кој имаше порткалова боја.
Несекојдневната појава ја објавија и скијачитево руското ски-одмаралиште кај Сочи.
Метеоролозите објаснуваат дека оваа ретка појава е настаната со доаѓањето на пустинскиот песок од северна Африка во источна Европа.
Овој феномен се јавува еднаш во пет години, но овој пат концентрацијата на песокот била поголема од вообичаено.