Sayed Khodaberdi Sadat
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен напад во џамија во авганистанскиот град Херат загина едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата во Херат, Абдул Ахад Велизадех, изјави дека еден од двајцата напаѓачи активирал екплозивна направа во џамијата Неби Екрем, во центарот на градот.
Другиот напаѓач по експлозијата се обидел да влезе на богослужбата, но полицијата го неутрализирала.
Велизадех изјави дека во нападот загинал цивил, а девет лица биле ранети. Меѓу нив е и лице кое се здобило со тешки повреди.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.