Zehra Ulucak
25 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
АНКАРА (АА) - Три од седумте алпинисти кои паднаа од висина од околу 100 метри на планината Амида во Јапонија, го загубија својот живот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција Кјодо (Kyodo), тројца алпинисти, од кои една жена, загинале, додека четворица алпинисти се повредени откако паднале од падините на планината Амида, која се протега меѓу областите Нагано и Јаманаши.
Алпинистите доживеале несреќа искачувајќи се на врвот на планината висока 2.805 метри. Несреќата била пријавена во полиција од страна на друг алпинист.
Од полицијата велат дека се претпоставува оти алпинистите од различна возрасот, помеѓу 39 и 63 години, паднале од стрмна карпа висока 100 метри, додека се наоѓале на височина од 2.600 метри.
Повредените алпинисти биле спасени со полициски хеликоптер и пренесени во болница.