Safiye Karabacak
25 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
МОГАДИШУ (АА) - Најмалку три лица загинаа во напад изведен со автомобил-бомба во центарот на сомалискиот град Могадишу, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван полициски претставник соопшти дека бомбаш-самоубиец активирал експлозив во автомобил, во фреквентрниот центар на Могадишу, во непосредна близина на зградата на сомалискиот Парламент и Министерството за внатрешни работи на источноафриканската држава.
До експлозијата дошло во моментот кога полицијата на контролен пункт запрела возило.
Во експлозијата животот го загубиле најмалку три лица, а повеќемина се ранети.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.