Sarp Özer
07 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
АФРИН (АА) - САРП ОЗЕР - Турските вооружени сили со тенковски напад уништија автомобил-бомба со која терористите на ПЈД/ПКК се обидоа да извршат самоубиствен напад врз упориште на Слободната војска на Сирија, во сириското погранично подрачје на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Во продолжението на операцијата „Маслинова гранка“, турските сили и Слободната војска на Сирија продолжуваат со неутрализација на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во Африн, а самоубиствените напади се сè почеста пракса на терористите.
Еден таков напад терористите се обидоа да извршат врз упориште на Слободната војска на Сирија на стратешки важно брдо западно од центарот на Африн, но нападот го спречија турските артилериски сили.
Тенковскиот напад и уништувањето на терористичкото возило полно со експлозив го сними репортерската екипа која се наоѓа на тоа подрачје.
Турските тенкисти го следеа движењето на камионетот со ескплозив и прецизно го погодија и уништија дури откако се оддалечи од населеното место во правец на позициите на Слободната сириска војска.
Практиката на бомбашките самоубиствени напади се врзуваат со терористичката организација ДЕАШ, а овој случај е уште еден од показателите за соработката меѓу терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ.