свет

Нови детали од вооружениот напад во Ербил

Напаѓачите излегле од возилото и го набљудувале подрачјето околу ресторанот, а потоа се оддалечиле. Половина час подоцна, повторно дошле во придружба на уште едно лице

İdris Okuducu  | 18.07.2019 - Обновена : 20.07.2019
Нови детали од вооружениот напад во Ербил

ИСТАНБУЛ (AA) - По вооружениот напад вчера во ресторанот во ирачкиот град Ербил, во кој е убиен турски дипломат и двајца државјани на Ирак, новинарот на Anadolu Agency (AA) откри нови детали во врска со овој напад. Напаѓачите по влегувањето во рестранот седеле до масата на која седел турски дипломат, а пукале во него кога тргнал да ја плати сметката.

Според информациите кои новинарот на АА ги доби од полициските службеници и локалните извори од Регионалната курдска управа на северот на Ирак (IKBY), три лица со автомобил, кои имаше фалсификувани регистарски ознаки, на половина час пред нападот стасале до ресторанот, поточно околу 11.30 часот.

Напаѓачите излегле од возилото и го набљудувале подрачјето околу ресторанот, а потоа се оддалечиле. Половина час подоцна, повторно дошле во придружба на уште едно лице.

Двајцата напаѓачи влегле во ресторанот, додека други двајца останале да чекаат во автомобилот. Вооружените напаѓачи по влегувањето во ресторанот седеле до столот на кој седел турски дипломат. Келнерот се доближил и ги послужил.

Турскиот дипломат, откако завршил со јадење, тргнал да плати сметка. Во тој момент, еден од напаѓачите станал, извадил пиштол и од многу кратка оддалеченост пукал во турскиот дипломат, од оружје кои имало пригушувач.

Истовремено, другиот напаѓач во ресторанот почнал да пука во двајца ирачки државјани, исто така гости во ресторанот, кои станувале. Еден од двајцата Ирачани починал во ресторанот, а другиот откако е префрлен во болница.

Се наведува исто така дека еден од припадниците на обезбедувањето на турскиот дипломат пукан кон напаѓачите и дека ранил еден од нив. Двајцата напаѓачи избегале од ресторан и заедно со другите двајца кои чекале во автомобил, се упатиле во непознат правец.

Новинарот на АА дознава дека лицата на напаѓачите можат јасно да се препознаат на снимките од безбедносните камери кои го забележале вчерашниот напад во ресторанот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın