Merve Yıldızalp
18 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Ирачкиот претседател, Берхем Салих, во телефонски разговор, на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, му изрази сочувство за убиството на турскиот дипломат во Ербил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Кабинетот на претседателот, ирачкиот претседател Салих, во телефонски разговор, на претседателот на Турција, Ердоган, му изразил сочувство за вчерашното убиство на турскиот дипломат во Ербил.
За време на телефонскиот разговор Ердоган и Салих дискутирале и за билатералните и регионалните прашања.