свет

Нов Зеланд ќе ги забрани полуавтоматските пушки

„Сега, шест дена по овој напад, соопштуваме забрана за сите полуавтоматски и автоматски пушки во војнички стил (МСАА) во Нов Зеланд“, истакна Ардер.

Nilay Kar  | 21.03.2019 - Обновена : 22.03.2019
Нов Зеланд ќе ги забрани полуавтоматските пушки

МЕЛБУРН (АА) - Нов Зеланд ќе ги забрани сите војнички полуавтоматски и автоматски пушки, по неодамнешните терористички напади, во кои загинаа 50 лица, објави денес премиерката Џасинда Ардерн, јавува Anadolu Agency (AA).

„На 15 март нашата историја се промени засекогаш. Сега ќе се сменат и нашите закони. Денес објавуваме дека започнуваме акција во име на сите Новозеланѓани, со цел да го зајакнеме нашиот закон за оружје и да ја направиме нашата земја побезбедно место“, изјави Џасинда Ардерн пред новинарите на прес-конференцијата.

Ардер истакна дека Кабинетот се согласил да ги преиспита законите за поседување оружје во земјата за време на состанокот одржан вчера, додавајќи: „Сега, шест дена по овој напад, соопштуваме забрана за сите полуавтоматски и автоматски пушки во војнички стил (МСАА) во Нов Зеланд.“ 

Таа нагласи дека овој потег ќе го забрани секое полуавтоматско оружје што се користеше во терористичкиот напад во петокот, вклучувајќи ги и сите магацини со голем капацитет, како и дополнителните уреди кои може да го претворат неавтоматското оружје автоматски да испукува цела рамка (со куршуми). 

Објавени се и мерки за сопствениците на оружје да го предадат оружјето во полиција сѐ додека не се соопштат деталите за претстојната шема за откуп.

„Ги охрабруваме сопствениците на оружје телефонски да се јават во полиција, предвреме да известат дека ќе го носат своето оружје во станицата“, истакна министерот за полицијата, Стјуарт Неш.

Минатата недела, најмалку 50 муслимани беа убиени, а исто толку повредени кога Австралиецот, 28-годишниот Брентон Тарант, влезе во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч и пукаше во верниците внатре.

Тарант се товари за масакрот и се наоѓа во затвор со максимално обезбедување во Оукленд.

Меѓу жртвите имаше и четири деца на возраст под 18 години, кои беа ладнокрвно застрелани, а уште неколку деца се хоспитализирани во околните болници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın