свет

Австралија: Прогласена вонредна состојба поради циклонот Тревор

Заводот за метеорологија на Австралија соопшти дека се очекува оти циклонот Тревор, чија брзина достигнува до 260 километри на час, ќе предизвика поројни дождови и силна бура во Северна Територија.

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 21.03.2019 - Обновена : 22.03.2019
Австралија: Прогласена вонредна состојба поради циклонот Тревор

АНКАРА (АА) - Во федералата територија на Австралија, Северна Територија, е прогласена вонредна состојба поради циклонот кој се приближува кон оваа област, пренесува Anadolu Agency (AA).

Заводот за метеорологија на Австралија соопшти дека се очекува оти циклонот Тревор, чија брзина достигнува до 260 километри на час, ќе предизвика поројни дождови и силна бура во Северна Територија.

Премиерот на Северна Територија, Мајкл Ѓунер, истакна дека е прогласена итна состојба долж западниот брег на Карпентарискиот Залив.

Ѓунер нагласи дека е во тек процесот на евакуирање на 2.000 лица од зони кои се во рамки на рутата на циклонот Тревор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın