свет

ОИС на вонредната седница за исламофобијата покани и делегации на ОН, ЕУ и ОБСЕ

„Во својство на претседател на ОИС, Турција свика вонредна седница на шефовите на дипломатиите на членките на таа организација за да дискутираат за растечкото насилство кое произлегува од исламофобијата, расизмот и ксенофобијата...“

Fatih Hafız Mehmet  | 21.03.2019 - Обновена : 22.03.2019
ОИС на вонредната седница за исламофобијата покани и делегации на ОН, ЕУ и ОБСЕ

АНКАРА (АА) - На иницијатива на Република Турција, Организацијата за исламска соработка (ОИС) утре ќе одржи вонредно заседание на кое ќе се дискутира за минатонеделниот терористички напад на Нов Зеланд и за сѐ поинтензивната појава на насилство предизвикано од исламофобијата во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во својство на претседател на ОИС, Турција свика вонредна седница на шефовите на дипломатиите на членките на таа организација за да дискутираат за растечкото насилство кое произлегува од исламофобијата, расизмот и ксенофобијата, каков што беше случајот и со нападот на двете џамии во Нов Зеланд“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Заседанието ќе биде одржано во Истанбул, а со собирот ќе претседава шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.

На состанокот се повикани и делегации на голем број меѓународни организации, вклучувајќи ги ОН, Европската Унија и Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

Најмалку 50 лица се убиени во терористичкиот напад кој се случи во петокот за време на петочната молитва (џума-намаз) во две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч.

Новозеландската полиција го уапси 28-годишниот терорист Брентон Харисон Тарант од Австралија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın