Sibel Kurtoğlu
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, ги повика денес лидерите и претставниците на 56 земји учесници на 13-от Самит на Организацијата за исламска соработка во Истанбул, на заземање заеднички став кон поистоветување на исламот со тероризмот против исламофобијата, јавува Anadolu Agency (AA).
"Исламот го проколнува тероризмот", изјави турскиот премиер.
Давутоглу рече дека лидерите на земјите на ОИС треба да ги надминат политичките разлики и да се соберат заедно во интерес на исламскиот свет.
Тој укажа на значењето на заедништвото во врска со ослободување на окупираните муслимански територии.
"Заедничкиот став на членовите на ОИС во прв ред е важен за ослободувањето на окупираните муслимански територии, најпрво Палестина", изјави Давутоглу.
Во Конгресниот центар во Истанбул, во учество на шефови на влада, претседателот и претставниците на 56 држави, отворен е 13от Самит на Организација на исламска соработка (ОИС).