свет

Венецуелската опозиција во обид да го блокира сообраќајот

Протестите на 16 март ги најави Хуан Гваидо, претседателот на Националното собрание (AN), кој се самопрогласи за привремен претседател

Lokman İlhan  | 21.03.2019 - Обновена : 22.03.2019
Венецуелската опозиција во обид да го блокира сообраќајот

КАРАКАС (АА) - Во Венецуела опозицијата денеска ќе се обиде да го блокира сообраќајот на 2 часа, јавува Anadolu Agency (AA).

Венецуелската опозиција подржана од САД, во рамките на „Операцијата за слобода“ ќе започне со улични протести. Протестите на 16 март ги најави Хуан Гваидо, претседателот на Националното собрание (AN), кој се самопрогласи за привремен претседател. Протестите опфаќаат и граѓанска непослушност.

Во соопштението од прес-центарот на Националното собрание, укажувајќи на акцискиот план најавен од Гваидо, се истакнува „за да се стави крај на претседателската узурпација“, се повикуваат граѓаните на Венецуела, „мирно, дисциплинирано и организирано“, помеѓу 16:00 - 18:00 часот да се соберат пред автобуските постојки и семафорите и да го запрат протокот на возила.

Гваидо на 16 март во венецуелската држава Карабобо се сретна со поддржувачите и ја повика опозицијата за постојани протести на улица и за граѓанска непослушност.

Хуан Гваидо, кој ја има поддршката на САД, на митингот одржан на 23 јануари, во Каракас, главниот град на Венецуела, се прогласи за привремен претседател. Тој, покрај од САД, ја доби поддршката од многу европски и латиноамериканскии земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın