свет

Турција го предупреди Западот поради игнорирањето на исламофобијата

Советот за национална безбедност на Турција остро ги осуди терористичките напади во двете џамии во Нов Зеланд и убивањето невини луѓе поради нивните верувања.

Can Erözden, Beyza Binnur Dönmez  | 21.03.2019 - Обновена : 22.03.2019
Турција го предупреди Западот поради игнорирањето на исламофобијата

АНКАРА (AA) - Турција во среда го предупреди Западот поради игнорирање на исламофобијата, напоменувајќи дека тоа би можело да поттикне понатамошни смртоносни напади, јавува Anadolu Agency (AA).

„Игнорирањето на исламофобијата може да постави темели за слични терористички напади, каков што е оној во џамиите во Нов Зеланд", порачано е на состанокот на Советот за национална безбедност на Турција одржан во Анкара.

Се наведува дека токму овие напади покажале непријателство кон Турција, повикувајќи се на антитурски пораки во манифестот кој го објави терористот од Нов Зеланд.

Советот за национална безбедност на Турција остро ги осуди терористичките напади во двете џамии во Нов Зеланд и убивањето невини луѓе поради нивните верувања.

Во соопштението на Советот се додава и дека Турција ќе ја продолжи борбата против сите терористички групи и дека никогаш нема да дозволи формирање терористички коридор долж нејзините јужни граници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın