Halil Demir
21 Март 2019•Ажурирај: 22 Март 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Во Истанбул во рамките на операциите против терористичката организација ДЕАШ уапсено е лице кое планирало да изведе напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Единица за борба против тероризмот по сознанија за можни „бомбашки и оружени напади на синагоги и цркви" покренала акција во која го привела лицето со иницијали С.М., поврзано со ДЕАШ.
Ова лице, според сознанијата на разузнавачките структури, добило наредба да изведе напади на синагоги и цркви.
Осомниченото лице е уапсено во акција спроведена на 17 март во истанбулската општина Сисли.
Притоа, запленет е дигитален материјал и документи на терористичката организација ДЕАШ.