Emin Avundukluoğlu
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Синоќа во рамките на тековната операција „Штитот на Еуфрат", во сирискиот град Ал Баб се неутрализирани се 68 терористи на ДЕАШ, соопшти турскиот Генералштаб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението издадено од турскиот Генералштаб денес, погодени се вкупно 141 позиции на ДЕАШ вклучувајќи и воено седиште.
Во соопштението се вели дека двајца борци на Слободната сириска армија во судирот со терористите на ДЕАШ загинале а еден бил повреден. Во соопштението се додава дека за време на опеацијата исто така биле уништени беспилотно летало и вооружено возило.
Турската армија ги поддржува борците на Слободната сириска армија за ослободување на Ал Баб од ДЕАШ, стратешкиот град за терористичката организација. Денес операцијата влегува во 123. ден.
Операцијата „Штитот на Еуфрат” е започната кон крајот на август со цел подобрување на безбедноста, поддршка на коалициските сили и елиминирање на терористичката закана долж турската граница со помош на борците на Слободната сириска армија поддржани од турската артирелија и авиони.
Од почетокот на Операцијата Штитот на Еуфрат, турските тимови кои располагаат со експлозивни уреди, неутрализираа 2.208 рачни експлозиви и 42 мини во областите расчистени од ДЕАШ.