Betül Yürük
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
ЊУЈОРК (AA) - Генералниот секретар во заминување на Обединетите нации Бан Ки-Мун изрази задоволство поради усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се бара запирање на илегалните изградби на израелски населби на окупираниот Западен Брег и источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Нагласи дека спомнатата резолуција е многу важен чекор, апелирајќи на израелските и палестинските лидери да соработуваат со меѓунардоната заедница и да се вратат на преговарачка маса.
Советот за безбедност на Обединетите нации во петок ја усвоил резолуцијата со која се бара запирање на илегалната градба на опколениот Западен Брег и Источен Ерусалим.
Соединетите Американски Држави (САД) прв пат биле воздржани.
Резолуцијата со која се бара веднаш и потполно да се запрат сите активности поврзани за илегалната изградба на еврејските населби на опколената палестинска територија, усвоена е со 14 гласа „за".
Инаку, тоа е првата резолуција за израелско-палестинските односи која Советот за безбедност ја усвои во речиси осум години.
Американската амбасадорка при ОН Саманта Пауер изјави дека САД не вложил вето, бидејќи резолуцијата, како што рече „ја одржува состојбата на теренот и консистентна е со политиката која ја спроведуваат САД".
Потсетуваме нацртот на спомнатата резолуција ги предложија Нов Зеланд, Малезија, Венецуела и Сенегал.