свет

Израелските сили интервенираа додека Палестинците се обидуваа да влезат во Ал-Акса за молитва за Рамазан Бајрам

Израелските власти ги забранија молитвите за Рамазан во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим, наведувајќи ги како причина безбедносните ограничувања воведени поради војната против Иран

Elena Trenchevska Chekovic  | 20.03.2026 - Обновена : 20.03.2026
Израелските сили интервенираа додека Палестинците се обидуваа да влезат во Ал-Акса за молитва за Рамазан Бајрам Фото: Mostafa Alkharouf/AA

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските безбедносни сили денес интервенираа при обидот на Палестинците да влезат во комплексот на џамијата Ал-Акса за молитва за Рамазан Бајрам и покрај затворањето на светото место, јавува Анадолу.

Израелската полиција пушти солзавец за да ги растера насобраните.

Стотици Палестинци се собраа на улиците околу комплексот на џамијата, извршувајќи ја молитвата.

Израелските власти ги забранија молитвите за Рамазан во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим, наведувајќи ги како причина безбедносните ограничувања воведени поради војната против Иран.

Палестинците денес ги повикаа верниците да се соберат во близина на Старото јадро на градот за изведување молитва што е можно поблиску до Ал-Акса за да го одбележат крајот на муслиманскиот месец на постот Рамазан.

Израелската полиција претходно употреби палки, звучни гранати и солзавец против Палестинците кои се молеа пред ѕидовите на Старото јадро во знак на протест против ограничувањата за Ал-Акса за време на Рамазан.

Окупираниот Источен Ерусалим влезе во празничниот период во мрачно расположение.​​​​​​​

Старото јадро на градот, кој вообичаено е полн со Палестинци во деновите пред Рамазан, беше застрашувачки тивок, и личеше на град на духови.

Израел го ограничи пристапот до џамијата повикувајќи се на забраната за собири, додека палестинските трговци беа спречени да ги отворат своите продавници. Само аптеките и продавниците за основни прехранбени производи им беше дозволено да работат.

Палестинските трговци, кои одбија да бидат именувани плашејќи се од израелска одмазда, рекоа дека ограничувањата ги оставиле во тешка економска состојба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.