Betül Yürük
24 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
ЊУЈОРК (AA) - Советот за безбедност на Обединетите нации во петок ја усвои резолуцијата со која се бара запирање на изградбата на илегалните населби на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Соединетите Американски Држави (САД) прв пат беа воздржани.
Резолуцијата со која се бара "веднаш и потполно" запирање на сите активности врзани за илегална изградба на еврејските населби на окупираната палестинска теритотија, усвоена е со 14 гласови „за".
Инаку, тоа е првата резолуција за израелско-палестинските односи која Советот за безбедност ја усвои во речиси осум години.
Американската амбасадорка при ОН Саманта Пауер изјави дека САД не вложил вето, бидејќи резолуцијата, како што рече „ја одржува состојбата на теренот и консистентна е со политиката која ја спроведуваат САД".
Потсетуваме нацртот на спомнатата резолуција ги предложија Нов Зеланд, Малезија, Венецуела и Сенегал.