Tanju Özkaya
26 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
АНКАРА
Во акција на Турските вооружени сили (ТСК) и Разузнавачката служба на Турција (МИТ) организирана во северниот дел на Ирак, неутрализиран е Ердоган Унал, припадник на терористичката организација ПКК, за кој се верува дека го наредил нападот во Ербил во кој е убиен службеникот на Конзулатот на Република Турција, Осман Ќоше, јавуа Anadolu Agency (AA).
Очевидците наведуваат дека Унал, со кодно име Доган Нурхак, кој го наредил нападот изведен на 17 јули во Ербил, е неутрализиран на 24 јули во подрачјето на Кандил.
Истрагата покажа дека Унал, кој е еден од петтемина членови на таканаречениот разузнавачки совет, директно е поврзан со лидерот на терористичката организација ПКК, Џемил Бајик. Унал во редовите на ПКК се приклучил во 1990 година, а затворска казна служел во периодот од 1994 до 1998 година.
По излегувањето од затвор, Унал им се приклучил на структурите на ПКК, кои се кријат во планините во пограничното подрачје на Турција и Ирак.