Tuğçenur Yılmaz
26 Јули 2019•Ажурирај: 28 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Според податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), во првите 7 месеци од оваа година во водите на Медитеранот загинале повеќе од 680 непријавени мигранти, во обид да дојдат до некои европски земји, јавува Anadolu Agency (AA).
ИОМ објави и податоци дека од почетокот на годината до 24 јули, преку Медитеранот во Европа преминале 36.670 мигранти.
На тој пат кон Европа, животот го загубија 686 мигранти. Според овие бројки, бројот на мигранти што пристигнуваат во Европа оваа година е намален во однос на истиот период минатата година.
Поголемиот број од непријавените мигранти, околу 83 %, ги избраа Грција или Шпанија. Во Грција влегле 17.990, а во Шпанија 12.440 мигранти.
Во Грција претежно пристигнуваат мигранти од Авганистан, Сирија, Ирак, Демократска Република Конго, Иран и Сомалија.
На брегот од Либија во четвртокот се случи нова несреќа до која дојде по потонувањето на чамец со 150 мигранти. Постои загриженост дека нема преживеани, па заедно со настраданите од оваа несреќа, бројот на загинати во Медитеранот од почетокот на годината би можел да се зголеми на 800.