Hatice Kesgin
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Според соопштението издадено од турскиот Генералштаб денес, во последните 24 часа во северна Сирија, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат", неутрализирани се 21 терорист на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Исто така 156 позиции на ДЕАШ, вклучувајќи засолништа, седишта, одбрамбени позиции и возила се погодени од страна на борците на Умерената сириска опозиција заедно со поддршката од турската армија, се вели во соопштението.
Турските возудшни сили исто така погодија 12 цели на ДЕАШ во сириските региони Ал -баб, Суфланија и Кабр ал Мукри, вклучувајќи контролни точки, засолништа, седишта и возила користени од страна на терористите, се додава во соопштението.
Турската армија ја поддржува умерената сириска опозиција во ослободување на Ал Баб од ДЕАШ. Денес операцијата влегува во 137.ден.
Во соопштението исто така се вели дека од почетокот на операцијта се деактивирани 43 мини и 2.794 импровизирани експлозиви.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ е започната од страна на Турција кон крајот на август, со цел да се подобри безбедноста, да им се даде поддршка на коалициските сили и да се елиминираат терористичките закани долж турската граница со помош на борците на Умерената сириска опозиција, поддржани од турската артилерија и авиони.