Emre Aytekin
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
МЕКСИКО (AA) – Најмалку пет лица загинаaa во текот на улични протести во Мексико поради нагло поскапување на бензинот за 20 проценти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со одлуката на Мексиканската влада од 1. јануари цената на бензинот е зголемена за 20 проценти, а пак дизелот поскапе за околу 16 проценти.
Одлуката предизвикала големо незадоволство меѓу граѓаните на Мексико, кое кулминирало со масовни протести во главниот и другите мексикански градови.
Мексиканската власт објавува дека протестите се одржуваат во 22 од 31 покраина во оваа земја. Во протестите е уништено или ограбено околу 400 бензински пумпи и маркети. Полицијата до сега приведе повеќе од 700 лица.
Постои сознание дека двајца демонстранти загинале во судир со полицијата во градот Иксмикулипан, во покраината Хидалго. Освен тоа, во градот Веракруз, исто така, убиени се две лица, за кои се претпоставува дека се нападнати од ограбувачи.
Петото лице кое страдало во текот на протести е полицаец кој се обидувал да го спречи ограбувањето на бензинската пумпа. Тој, наводно, е прегазен со автомобил.
Демонстрантите бараат да се повлече одлуката за поскапување на бензинот за 20 проценти.
Претседателот на Мексико Енрике Пена Нието изјави дека поскапувањето на бензинот е поради повисоките цени на меѓународен пазар, и претставува “тежок и потребен” чекор да се сочува економската стабилност на неговата земја.