Sayed Khodaiberdi Sadat
13 Март 2021•Ажурирај: 14 Март 2021
КАБУЛ
Извршен е напад со возило бомба во авганистанската западна покраина Херат, при што загинаа 8 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Херат, Сајед Вахид Катали, во изјава за медиумите истакна дека целта на напаѓачот била полициската станица во подрачјето на Генч во Херат.
Катали информираше дека во овој напад загинале 8 лица, додека 53 лица се повредени.
Тој истакна дека поради експлозијата, настаната е штета во повеќе куќи во околината.
Од друга страна, од државната болница во Херат соопштија дека 6 повредени лица се наоѓаат во тешка состојба.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, а портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Арјен, како одговорни за нападот ги смета талибанците.