İdris Okuducu
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
МОСУЛ (AA) - Во западниот дел на ирачкиот град Мосул кој се наоѓа под контрола на терористичката организација ДЕАШ, смртно страдаше новинарката Шифа Герди, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарката Герди работела за медиумската групација Рудав во Ербил. Загина нагазувајќи на мина додека известувала за судирите на западот на Мосул.
Од медиумската групација Рудав потврдија дека Шифа Герди известувала од малото подрачје на западниот дел на градот кој бил ослободен. Нагазила на мина која порано ја поставиле милитантите на ДЕАШ. Тешко е ранет камерман кој бил со неа.
Од 17. октомври минатата година кога е покрената акцијата за ослободување на Мосул, во судирите и од последиците на активирани мини живот загубија голем број претставници на медиумите.