Sayed Khodaberdi Sadat
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку двајца ученици беа убиени во напад врз училиште во областа Лагман во Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
На училиште е фрлена граната, а како што изјави портпаролот на канцеларијата на гувернерот Лагман, Шехрадо Зувак, гранатата е испукана од позициите на талибанците.
Според него, гранатата ја уништи гимназијата Мевлеви Хабибурахман во Басерам. Загина двајца ученици, а повредени беа шест и еден наставник. Талибанците се уште не се огласија во врска со овој настан.