Şenhan Bolelli
17 Ноември 2018•Ажурирај: 18 Ноември 2018
МАДРИД (АА) - Група илегални мигранти, во обид со чамец да пристигнат на островот Сардинија сместен во западниот дел на Италија, доживеале несреќа. Пронајдено е тело на еден мигрант, а деветмина се водат за исчезнати.
Италијанската новинска агенција АНСА, врз база на информациите добиени од страна на претставници на Дирекцијата на пристаништето Сант Антиоко на островот Сардинија, објави дека екипите на крајбрежната стража во еден чамец пронашле тројца илегални мигранти, а од морето извлекле тело на едно лице. Според изјавата што ја дале тројцата спасени илегални мигранти, на пат со чамец тргнале 13-мина, но откако чамецот се расипал, дел од нив скокнале во морето.
Во тек е потрага на крајбрежната стража по исчезнатите миранти.
Во веста се вели дека илегалните мигранти што се обиделе да пристигнат во Италија биле од Алжир.