Adem Şalvarcıoğlu
17 Ноември 2018•Ажурирај: 18 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Властите во САД ја продолжуваат потрагата по посмртните останки на жртвите од разорните пожари во Калифорнија. Според најновите податоци, бројот на мртвите во пожарите се зголеми на 74 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шерифот на регионот Бати, Кори Хонеа, на прес-конференцијата изјави дека бројот на загинатите во пожарите е зголемен на 74, а контакт не може да се воспостави со повеќе од 1.000 лица. Со оглед на бројката на загинатите лица, станува збор за еден од најсмртоносните пожари во историјата на оваа американска сојузна држава.
Пожарот кој на северниот дел на Калифорнија зафати подрачје од 570 километри квадратни, на ова подрачје запали повеќе од 11.000 објекти. И понатаму претставува закана за голем број објекти, додека илјадници пожарникари се борат да го запрат огнот.
Американските официјални претставници јавуваат дека пожарот нанел значајна штета и во јужните делови на Калифорнија, а таму сериозно се оштетени 450 станбени објекти.
Во пожарот во Малибу изгореа голем број вили на познати личности од светот на филмот и музиката, како што се Џерард Батлер, Мајли Сајрус, Скот Баио, Гиљермо дел Торо, Ким Кардашијан, Алиса Милано и Рејн Вилсон.
За размерите на пожарите во северниот и јужниот дел на Калифорнија најдобро сведочи и фотографијата која ја објави американската агенција НАСА, а станува збор за фотографија снимена од вселената на која се гледаат големи облаци од чад над Калифорнија.