Admir Fazlagikj
02 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) – Пожарите кои во текот на вчерашниот ден зафатија неколку региони во Македонија се изгаснати и состојбата е под контрола, потврдија за Аnadolu Аgency (AA) од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
“ Имаше пожар во Скопски регион во атарот на селото Цветово на површина од пет хехтари, во Крива Паланка беше запалена мешана шума во селото луке Луке. Таму интервенирале четири пожарникари и пет возила, по што пожарот бил изгаснат. Пожар имаше синоќа и во Куманоско Скупчане на површина од 3 до 4 хектари, но сите овие пожари се изгасени од страна на противпожарникарните екипи”, изјави за AA портпаролката на ЦУК Надица Вчкова.
Од ЦУК известуваат дека денес нема пожари и дека состојбата е под контрола.