Sarp Özer
17 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
ХАЛИФАКС (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакнувајќи го своето незадоволство од снимките на кои можат да се видат американски војници заедно со терористите на ПКК/ЈПГ, изјави „Очекуваме САД да го одржат дадениот збор и да ја прекинат соработката со ЈПГ“, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер Акар престојува во канадскиот град Халифакс, каде што ќе учествува на Меѓународниот форум за безбедност. По пристигнувањето во Халифакс, министерот Акар постави венец на споменикот „Чанаккале“ во градот, од каде што се упати во хотелот „Westin“ каде се одржуваше Форумот.
Пред почетокот на Форумот, Акар на состанокот се сретна со неколку учесници, меѓу кои беше и министерот за одбрана на Канада, Харјит Синг Сајан, а по првата сесија, се состана со американските сенатори.
На средбите министерот Акар потсети на снимките на кои се забележува средба на американските војници и припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ, и додаде: „Овие фотографии зедоа истакнато место во нашите медиуми и предизвикаа сериозна возмениреност кај нашиот народ. Очекуваме САД да го одржат дадениот збор и да ја прекинат соработката со ЈПГ. Неприфатливо е тоа што САД со камиони и авиони ѝ даваат оружје и муниција на терористичката органзиација ЈПГ, иако во голема мерка е неутрализирана терористичката организација ДЕАШ. Никогаш нема да дозволиме формирање на терористички коридор на нашата јужна граница.“
- Барање за испорака на припадници на ФЕТО
Министерот Акар се осврна и на испораката на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен и припадниците на оваа терористичка организација, потсетувајќи дека до САД се испратени 85 папки и безброј документи во врска со тоа. Акар истакна дека ФЕТО претставува терористичка организација и додаде дека доколку се потребни дополнителни информации, подготвени се и тоа да го споделат со американските власти.
На состанокот учествуваа американскиот сенатор на Арканзас, Џон Бузман; сенаторот на Јужна Дакота, Мајкл Раундс; сенаторот на Мисисипи, Роџер Викер; сенаторот на Небраска, Деб Фишер; сенаторот на Њу Хемпшир, Џин Шахин; сенаторот на Вирџинија, Тим Кејн и Синди Меккејн, сопругата на починатиот поранешен сенатор Џон Меккејн.
Министерот за одбрана на Турција, Акар, на сенаторите им ја соопшти поканата упатена од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој го изразил своето задоволство да ги пречека сенаторите во Турција.