Zuhal Demirci
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ПАЛО АЛТО (AA) – По најавите дека во продажба ќе биде пуштен новиот модел на телефонот „Ајфон 7“, пред трговските центри во калифорнискиот град Пало Алто стотици луѓе уште ден порано формирале долги редици за да бидат меѓу првите купувачи и корисници на новиот уред, јавува Anadolu Agency (AA).
Продавницата на „Епл“ во споменатиот град ја отвори и извршниот директор на таа компанија, Тим Кук, а купувачите кои повеќе од 25 часа чекаа во редици со аплауз и овации го поздравија доаѓањето на продавачот и отворањето на продавницата.
Теми Ду застана меѓу првите во редот пред продавницата за да го купи новиот „Ајфон7“, а во изјава за АА рече дека вредело да се чека 25 часа во редица.
„Веќе 25 часа сум тука за го купам новиот ‘Ајфон7 плус’. Меѓутоа, само што дознав дека тој модел сѐ уште го нема во продажба. Без оглед на тоа, и понатаму ќе чекам со надеж дека ќе дојде тој модел“, рече купувачот Дејвид Етхан.