Meryem Göktaş
17 Ноември 2018•Ажурирај: 18 Ноември 2018
БАГДАД (АА) - Европската Унија ќе го поддржи Ирак во последиците од американските санкции кон Иран, вели високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA
Според соопштението издадено од страна на Кабинетот на ирачкиот премиер, Федерика Могерини телефонски разговарала со премиерот Адил Абдул Махди и му соопштика дека ЕУ ќе му помогне на Багдад да се „справи со последиците“ од американските санкции кон Иран.
„Нагласувајќи дека ЕУ го поддржала Абдул Махди и неговата Влада, Могерини изјави дека ЕУ е подготвена да го поддржи Ирак во политиката, финансиите и безбедноста“, се вели во соопштението.
Американската Амбасада во Багдад на 9. ноември објави дека САД за Ирак издале 45-дневно изземање од американските санкции кон Иран во однос на увозот на природен гас и електрична енергија.
Ирак, кој се бори со прекини и недоволно производство на електрична енергија, се потпира на својот сосед за увоз на природен гас за своите централи.
На 5. ноември официјално започна вториот бран обновени санкции на САД кон Иран, кој е третиот најголем производител на Организацијата на земји извознички на нафта и нафтени деривати (OPEC). Овие санкции се насочени кон иранскиот енергетски, бродоградски, бродски и финансиски сектор и опфаќа 50 ирански банки и повеќе од 700 компании и лица.
САД претходно објавија и дека осум земји - Кина, Грција, Индија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Турција - добиваат 180 дена привремено изземање од економските санкции во однос на увозот на иранската сурова нафта.